Кралицата Елизабета слави 60 годишнина од крунисувањето
Во катедралната црква Вестминстер Аби која се наоѓа во центарот на Лонодн, денеска беа собрани над 2000 луѓе во чест на одбележувањето на 60 годишнината од крунисувањето на британската кралица Елизабета Втора.
Покрај госите на церемонијата присутни беа 12 членови од птесното семејство, меѓу кои престонаследникот Чарлс, неговиот син Вилијам и неговата бремена сопруга Мидлтон, војводката од Кембриџ.
Присутни беа и некои луѓе кои биле на свеченостите во Вестминстер Аби во 1953 година, како и британскиот премиер Дејвид Камерон. Елизабета го наследи својот татко, кралот Џорџ Шести, кој почина од рак во февруари 1952 година, од кога таа е на британскиот престол, но свеченото крунисување беше извршено повеке од една година подоцна во јуни 1953 година. Елизабета, која тогаш имаше 27 години, стана 38-от суверен крунисан во Вестминстерската Опатија според церемонијата воспоставена уште при крунисувањето на кралот Вилијам Освојувачот во 1066 година.
На денешната свеченост во црквата се презентирани тешката и со злато и дијаманти круна на Св. Едвард, како и тронот за крунисување, едно од парчињата англиски мебел што се уште се употребува. Кралицата Елизабета (87) веќе 61 година е на британскиот престол. Таа за три години може да биде суверенот со најдолг стаж на тронот, во англиската и британската кралска историја. Засега пред Елизабета е кралицата Викторија, која почина во 1901 година по поминати 64 години на престолот.
Денешното одбележување на шестдеценискиот јубилеј од крунисувањето е втор таков случај во историјата на земјата.