Правила на „мување“ во добата на Фејсбук

 

Никогаш на пораките не одговарајте веднаш. На СМС одговарајте по четири часа, доколку имате дванаесет години. Ако сте постари, почекајте уште повеќе и пуштите друга личност да праша зошто не одговарате. Внимавајте на должината на пораките. Бидете достоинствени. Ако по прекинувањето на врската на Фејсбук напиште статус „Конечно слободна“, тоа може да биде болно и понижувачки. Но, никогаш не пишувајте гневно или одмазнички одговори.

Интернет мување. Запознавањето луѓе преку спрецијално направени страници за интернет запознавање не е срамота. Погрешно е да не се обидите, затоа што може да запознаете луѓе со слични интереси. Телефонските разговор траат најмногу 15 минути.  Мејловите би требало да бидат кратки. Претерани изливи на романтичен дух кој го поседувате може да ви се вратат како бумеранг. Разговарајте или преку телефон или на Скајп. Разговорот да трае најмногу 15 минути. За викенд важат други правила. Не одговарајте на СМС додека сте во градот и добро забавувајте се. А заинтересираната страна нека се замисли зошто ве нема. Заздравување од скршено срце. По раскинувањето веднаш почнете да излегувате. Не за месец дена туку веднаш.

 

 

најчитано сега