Уапсени тројца скопски дилери на марихуана

 

Кривични пријави си заработија скопјаните Д.Ј.(32), В.С.(25) и А.Б.(24) поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Истражен судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Како што соопшти МВР, при реализацијата на случајот се пронајдени и одземени 935 грама наркотична дрога марихуана и уште 22 најлонски пакувања со наркотична дрога марихуана, чија количина ќе биде позната по изготвеното вештачење.

Единицата за недозволена трговија превзеде соодветни мерки и активности за негово фаќање и обезбедување на материјални докази по претходно добиен оперативен податок дека Д.Ј. се занимава со недозволена трговија со марихуана.

На 16 овој месец А.Б. телефонски договорил со Д.Ј. продажба еден килограм марихуана за цена од 700 евра. Околу 16,00 часот Д.Ј. со моторцикл скутер се упатил во населба Автокомада на ул. „Трифун Хаџијанев“ во близина на Охридска банка каде според договорот го чекале А.Б. и В.С. со автомобил Мерцедес со скопски регистарски таблички. На средбата Д.Ј. му дал на В.С. две црни најлон кеси со марихуана кои тој веднаш ги ставил во подрумските простории од зграда бр. 10 по што се упатил кон својот дом. Подоцна В.С. и А.Б. се легитимирани од страна на полициски службеници и се приведени во службените простории на СВР-Скопје-ККИ -ЕНТДО. Откако В.С. ги посочил подрумските простории во кои ја сокрил наркотичната дрога марихуана, дрогата е пронајдена и подигната од местото. Од извршениот разговор со нив дознаено е дека истиот ден  телефонски со посредство на А.Б., второпријавениот В.С. нарачал еден килограм марихуана за цена од 700 евра од првопријавениот Д.Ј.

Наредниот ден на 17 овој месец извршен е претрес на домот на Д.Ј. во Скопје и притоа се пронајдени 22 најлон кесички со наркотична дрога марихуана.

Тројцата пријавени се регистрирани во евиденциите на МВР како сторители на кривични дела. 

најчитано сега