Извлечен македонскиот автобус кој падна во Женевското Езеро

 

Швајцарските пожарникари го извлекоа автобусот на струшки „Еуробус“ што вчера падна во Женевското Езеро.

Инаку, автобусот пред да заврши во езерото бил паркиран пред маркет во местото Вевеи на нерамен терен, а патниците биле излезени.

Причините за паѓањето на автобусот во езерото се уште не се утврдени, но најверојатно имало проблем со сопирачките.

По извлекувањето на автобусот, извршена детална проверка и разговор со возачот.

најчитано сега