Протестите во Турција ја земаа првата жртва

Дваесет и двегодишен маж загина ноќта додека траеа антивладините протестви во јужниот турски округ Хатај/ 

Според медиумите, жртвата била застрелана со куршум во главата. Тој веднаш бил пренесен во најблиската болница каде што им подлегнал на повредите. Се уште не е утврдено кој стрелал во него.  

 

Демонстраните се обидоа да упаднат во канцеларијата на турскиот премиер Ердоган, во дворецот Долмабахче. Полицијата сепак успеа да ги спречи користејќи солзавец и водени топови. 

Беа отстранети барикадите поставени од страна на учесниците во местото околу Долмабахче. Во Анкара веќе четврта ноќ траат антивладинит протести, а во Измир демонстрантите секојдневно се со поголем интезитет прават нереди, фрлајќчи камења по полицијата и кршејќи стакла на повеќе објекти, меѓу кои и една банка.  

Паралелно со демонстрациите во Турција,  собири за подршка на турските демонстранти синоќа се одржаа во Атина и во Њујорк.

И додека Турција е зафатена од протести, премиерот Ердоган од вчера престојуба во посета на Мароко, од каде се обиде да ја релативизира состојбата во неговата земја, оценувајќи дека очекува „работите да се нормализираат за неколку дена“.

Ердоган ги обвини демонстрантите дека „работат рака под рака со тероризмот“, оценувајќи дека антивладините протести во Турција се организирани од „екстремистички елементи“.

најчитано сега