Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Инженерски прстен“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Инженерски прстен“ за 2013 година.
Ова признание ќе биде доделено на најдобрите дипломирани инженери од инженерските факултети во Република Македонија.
Традиционалната манифестација, што се одржува десетта година по ред, е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.
ФОТО: Денешен