Руски суперсоничен пресретнувач се урна кај Армавир

 

Рускиот суперсоничен пресретнувач Миг-31 се урна денеска во близина на градот Армавир, во јужниот регион Краснодар, а двајцата пилоти преживеаја, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Коначенков.

Тој прецизираше дека авионот се урнал на 25 километри од Армавира за време на маневри. Пилотите се катапултирале и безбедно слетале, а Коначенков истакна дека тие не се во животна опасност.

На почетокот на август, врховниот командант на руските воздухопловни сили, генерал-полковникот Виктор Бондаров изјави дека Русија ќе почне со развојот на пресретнувачи, кои до 2028 година би требало да ја замена нејзината флота од 122 Миг-31.

Миг-31 стана дел од советските воздухопловни сили во 1981 година, а производството на ова летало е прекинато во 1994 година, но тие останаа во служба на руските и казахстанските воздухопловни сили.

04.09.2014 - 14:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега