Пет борци на НПА убиени во судирот со филипинската армија

 

Филипинската армиска команда денеска соопшти дека во судири меѓу војската и борците на левичарското бунтовничко движење  Нова Народна Армија, НПА, во денешните утрински пресметки се убиени пет нивни припадници. Според официјалното соопштение, борбите што се водат на северот на Филипините сеуште траат, а пешадијата на филипинската армија добива силна поддршка од воздух.

Војската ги нападнала левичарските бунтовници по пријавите на локалното население дека во ова подрачје припадниците на НПА изнудувале пари и храна од локалното население.

Извори на раководството на филипинската комунистичка партија, која се смета за покровител на движењето НПА изјавија дека се сомневаат во наводите на армијата дека борците на НПА барале пари и храна од локалното население.

04.09.2014 - 12:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега