ОН бараат помош за ослободување на 45 киднапирани мировници

 

Советот за безбедност на Обединетите нации апелираше до „влијателните држави“ да извршат притисок врз екстремистите поврзани во Ал Каеда за да ги ослободат 45 припадници на мировните сили на ОН од Фиџија, кои се киднапирани минатата недела на Голанската Висорамнина.

Во соопштението одобрено од сите 15 земји-членки на СБ е повторено барањето веднаш и без условување да се ослободат мировниците.

Екстремистите од сириската група Нусра Фронт кои ги киднапираа мировниците  поставија три услови за нивно ослободување. Нусра Фронт бара да биде отстранета од листата терористички групи на ОН, да се достави хуманирна помош во делови од Дамаск и „надомест“ за своите три борци кои загинаа во судирот со мировниците на ОН.

04.09.2014 - 12:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега