Српската пејачка со врски запрела авион во Скопје?

 

Прекрасната Ана Николиќ неодамна направи општ хаос на аеродромот во Скопје, кога поради неа авионот доцнел со полетување неколку минути. Таа имала настап во Прилеп, поради кој задоцнила на летот.

 

- Ана и нејзиниот брат Марко се успале бидејќи имале напорна ноќ зад себе. Кога се пробудиле и погледнале во часовникот се испаничиле. Сфатиле дека ќе задоцнат на аеродромот, па Марко веднаш го повикал сопственикот на дискотеката кој во рок од 10 минути им испратил возач за да ги однесе до Скопје, каде сите вработени ги кренале на нозе. Ана им се јавувала на сите познаници од Македонија за да фатат врски и да го сопрат авионот. Бргу ги чекирале картите и тргнале. Патниците подоцна не се бунеле бидејќи не знаеле на што се должи доцнењето, изјави за српските медиуми близок пријател пејачката.

 

Пејачката на сето ова остана рамнодушна и изјави дека не сака да ја коментира целата ситуација бидејќи најважно е што публиката е задоволна од настапот, а не што се случило подоцна.

04.09.2014 - 11:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега