САД ќе го зголемат бројот на војници, тенкови и авиони во балтичките земји

 

САД го зголемуваат присуството на своите воено воздухопловни сили во балтичките држави, вклучувајќи ја и Естонија, соопшти денеска американскиот претседател Барак Обама на заедничка прес конференција во Талин со својот естонски колега Тоомас Хендрик Илвес, пренесе ИТАР-ТАСС.

Според Обама, Вашингтон ќе продолжи да ротира дополнителен број војници во регионот и таму ќе испрати и авиони.

САД разработиле план за засилување на присуството во регионот, односно за зголемување на бројот на авиони, тенкови и војници, додаде американскиот претседател.

03.09.2014 - 12:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега