Миличев одел во дискотека кога го уапсиле
33 - годишниот Марко Миличев, осомничен за убиството на Лука Јовановиќ, уапсен е во петок 29. август, односно три дена пред Кинезите да ја известат српската полиција.
Миличев се криел кај јатак од Србија. Шенжен е индустриска метропола со повеќе од 15 милиони жители. Според сознанијата на српски Курир, Миличев е уапсен во петок, 29. август во вечерните часови, во градот Шенжен во кинеската провинција Гуангдонг.
- Според досегашните информации, Миличев извадил кинеска виза и од Истанбул со авион стигнал во Хонгконг. Таму допатувал на 13. август, а после тоа преминал во Шенжен, кој е само 35 километри оддалечен од Хонгконг, открива изворот на Курир. Тој е уапсен пред ноќниот клуб "Peper".
Да потсетиме, Миличев ги молел Кинезите веднаш да го предадат на Србија. Тој за време на апсењето паднал на колена и молеле да го проверат неговиот идентитет, додава соговорникот. Сигурно проценил дека му е подобро да биде испорачан во Србија за предизвикување на несреќата во која загина Лука отколку да го задржат Кинезите поради дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа