Браво: Класен раководител донирал кожа за својата ученичка

 

Ученичката во трета година Милица Станковиќ (17) и нејзината класна, Сузана Станковиќ (44) успешно се опоравуваат во оделението за пластична хирургија во болницата во Белград откако професорката реши да и донира кожа на својата ученичка по повредата во сообраќајна несреќа, на крајот на февруари.
Милица едвај се спасила во сообраќајката, каде имала отворени скршеници на поколеницата, раката, клучната коска. Поради сериозните повреди морало да се трансплатира кожа. Прво донатор бил таткото, но тоа не било доволно.
„Нејзината мајка ми се пожали дека имаат проблеми со трансплатација на кожата, бидејќи не можат да најдат прифатлив донатор. Го направив тоа без воопшто да се двоумам. Имав предвид дека се ближи 1 септември и дека моите деца ќе почнат на училиште без мене, но сепак, животот на една ученичка е поважен“ - изјавила за српските медиуми професорката Станковиќ.
“Немам зборови за да ја опишам мојата професорка. Таа би го направила истото за секој ученик бидејќи е таков човек. Пред мене ќе си замине од болницата и уште од сега знам дека многу ќе ми недостига, бидејќи со неа ги поделив најтешките моменти од животот“ - изјавила Милица, ученичка од Владучин Хан.

03.09.2014 - 12:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега