Шилегов: Петте илјади тимови на СДСМ се на терен

Петте илјади тима кои СДСМ ги најави како дел од својата нова стратегија веќе се на терен, потврдува за Press24 портпаролот на партијата Петре Шилегов. Шилегов не сакаше да открие повеќе детали за тоа како функционираат тимовите, но рече дека тие работат и дека фидбекот од нивната работа е во рамките на очекуваното.
СДСМ најави дека со голем број свои партиски членови и функционери заппчнува да ги анимира граѓаните со непосреден контакт со нив.
Шилегов рече дека тоа во јавноста не се забележува многу, бидејќи партијата не сакала внатрешните активности да ги прави пред очите на јавноста, односно пред телевизиските камери.
Во врска со бојкотот на пратеничката група на законодавниот дом, Шилегов вели дека ситуацијата е статус кво. До сега, немало напори за помрднување од позициите на кои останаа лидерите на двете најголеми политички партии во земјава. Тој додава дека СДСМ останува на своите пет барања и дека нема намера да попушти, без разлика што собранискиот спикер Вељаноски за крајот на октомври најави дека оставките на опозициските пратеници ќе ги стави на пленарна седница.
„Ние сме подготвени да разговараме по петте точки. Но веднаш потенцирам дека може да разговараме само за сите точки во пакет, а на во стилот, оваа ќе ја прифатиме, а оваа ќе ја отфрлиме“ - вели Шилегов за Press24.
Од владејчката партија во повеќе наврати излеога со став дека се подготвени да разговараат за барањата на СДСМ, но воопшто не сакаат да размислуваат за формирање на техничка Влада, бидејќи неодамна имаше парламентарни избори на кои граѓаните јасно ја кажаа својата волја.

03.09.2014 - 11:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега