Санкциите кон Русија ќе предизвикаат далекусежни последици по Австрија
Проширувањето на санкциите од ЕУ против Русија, а и евентуалното идно ембарго на Москва, по Австрија ќе има далекусежни последици, пишува виенскиот весник Пресе. Според Стопанската комора на Австрија ПКА, околу 55.000 работни места директно или индиректно се поврзани со трговијата со Русија. Досегашното руско ембарго на увоз на намирници доведе до поединечни загуби. Меѓутоа, многу фирми се погодени од индиректни последици, како што се слабеење на стопанството и слабеењето на рубљата.
03.09.2014 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа