Дали ова е крај на војната во Украина? - Путин и Порошенко разговарале по телефон
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со својот украински колега Петро Порошенко, соопшти прес секретарот на Путин, Дмитриј Песков, цитиран од ИТАР-ТАСС.
-Продолжено беше разгледувањето на воената и хуманитарна криза во Украина, забележа Песков.
„Шефовите на двете држави разговараа за тоа што треба да се направи за да дојде до итен прекин на крвопролевањето во југоисточна Украина“, посочи прес секретарот на рускиот претседател.
Песков истакна дека мислењата на двајцата претседатели за можните патишта за излез од тешката кризна ситуација „во значајна мера се совпаѓаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа