За македонскиот ајвар надалеку се слуша

Еден од најпознатите брендови со кој може да се пофали нашата земја, секако е македонскиот ајвар. Не е само обичен производ, туку дел од нашата традиција и култура, а странските туристи кои доаѓаат во Македонија се воодушевени од овој специјалитет, пишува Лидер.

“Неколку пати му подарив ајвар на еден многу добар пријател од Мексико. Тој доаѓаше во Македонија службено. Едноставно беше воодушевен од нашиот македонски специјалитет. Ми кажа дека првиот пат ајварот го пробале неговите родители, пријатели и другари и сите едноставно биле водушевени од вкусот. Го прашале “Што е ова што е толку вкусно“. Следниот пат кога тој повторно дојде во Македонија, го прашав дали сака ајвар. Ми одговори секако со задоволство би сакал“ ни раскажа една соговоричка.

Дека странските туристи го бараат сведочат и изјавите од продавниците специјализирани за продажба на ајвар.

Од компанијата Ди- Ем за Лидер велат дека продажбата на ајварот оди одлично, а во последно време се почесто купуваат странци.

“ Во изминативе години расте продажбата. Но интересно е тоа што освен нашите потрошувачи, ајварот го купуваат и странски туристи. Цената на една тегла ајвар е 145 денари, но ако се купат повеќе тегли има попуст и се фача околу 130 денари за тегла ајвар“ изјави за Лидер продавачка во Ди ЕМ.

03.09.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега