15 вахабисти уапсени во Босна и Херцеговина
Припадници на Агенцијата за истрага и заштита во Босна и Херцеговина (СИПА) утрово по наредба на Обвинителството уапсија 15 лица поврзани со вахабиското движење.
Акцијата со има „Дамаск“ спроведена е во 17 градови во БиХ. Приведените се осомничени за финансирање на терористички активности, за јавно поттикнување на терористички активности, за врбување, за организирање на терористички групи.
Акцијата е насочена граѓаните на БиХ кои учествуваат во војните во Сирија и во Ирак на страна на радикалните терористички групи и организации.
По измените на Кривичниот закон на БиХ, на државјаните на БиХ им е забрането учество во странски воени и паравоени формаци.
Федералната телевизија јави дека е уапсен и Билал Босниќ, неформалниот лидер на ваабиската заедница во Босанска Краина, познат по видео-снимките на интренет во кои зборува против САД и западните земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа