Голема мрежа за илегална миграција откриена во Романија

 

Во Романија е откриена голема мрежа за илегална имиграција која им овозможувала на странците од африканските и азиските земји незаконски да влезат во Западна Европа, соопштија романските власти.

Неименуван романски претставник изјави дека илегалната мрежа им овозможила на неколку стотици државјани на Пакистан, на Авганистан, на Бангладеш, на Сирија, на Сомалија и на Камерун влез во шенген зоната без визи.

Полицијата по пет месечно следење уапси тројца пакистански државјани и двајца Романци осомничени за формирање на „мрежата за организиран криминал и шверц на странци“.

Имигрантите плаќале од 1.400 до 1.600 евра. Тие со камиони биле префрлани во Унгарија, а потоа во земјите од шенген зоната.

03.09.2014 - 09:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега