НАТО ќе испрати 4 бродови во Црното Море
Во Црно Море до 7. септември ќе впловат четири воени бродови на НАТО, изјави неименуван воено дипломатски извор во Москва за ИТАР-ТАСС.
Во Црно Море ќе впловат американскиот воен брод „Рос“, француската корвета „Командант Биро“, канадската фрегата „Торонто“ и шпанската фрегата „Алмиранте Хуан де Бурбон“.
„Рос“ и „Командант Биро“ ќе впловат денеска во Црно Море, а шпанската и канадската фрегата на 6. септември.
03.09.2014 - 09:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа