Албанија е решена да ги изолира камповите за обука на џихадисти

 

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати денеска потврди дека во некои делови на Албанија се обучуват луѓе за терористички акции и за „џихад во Сирија“, но неговата земја е одлучна да ги изолира.

Тој на прес-конференција со канадскиот колега Џон Баирд истакна дека такви кампови постојат во Албанија, но и во Косово.

Објаснувајќи дека таа појава е тесно поврзана со економските и социјалните прилики во Албанија, Бушати нагласи дека албанската држава работи на нејзино изолирање и спречување.

- Албанија не негира дека во одредени зони се споведуваат обуки за извршување терористички напади, но тоа не се поврзува со верската толеранција која ја имаме. Албанија одлучно работи на изолирање на овој феномен, нагласи Бушати.

02.09.2014 - 16:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега