Еве како убиецот на Лука бегал до „крајот на светот“
Марко Миличев е возачот на камионетот кој е осомничен дека со возилото го удрил Лука Јовановиќ, кој почина од тешките повреди.
Осомничениот е уапсен во Кина по повеќе од еден месец од кобната вечер кога е извршен злочинот.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ на конференција за новинарите потврдил дека Марко Миличев е уапсен во Кина и дека се наоѓа во притвор, пренесува Блиц.рс.
Бегство до „крајот на светот“
Несреќата се случила на 25 јули на Бранков мост, кога Лука Јовановиќ се враќал од град кон дома заедно со пријателите. Нив на мостот им се расипала „ладата“ па кога излегле да ја проверат на лентата наменета за застанување, на нив налетал „мини камионет“.
Марко Миличев кој упраувал со камионетот не застанал откако се случила несреќата туку побегнал од местото на несреќата се до Железнички мост.
Таму тој изнајмил такси за да се сокрие од безбедносните камери, имајќи на ум дека таксистот точно знае каде се поставени. Таксистот возел така што цело време го блокирал автомобилот на Марко за да не се забележат неговите таблички.
Таксистот кој му помогнал да побегне се викал Сашо Јанковиќ. Осомничените Тамара Богдановиќ, Милица Новаковиќ и Дана Маневски заедно со Марко заминале од местото на несреќата до станот на Братислав Весовиќ.
Миличев и неговиот кум Братислав го однеле автомобилот до Чингријина улица каде на камионетот му се губи траг. Се претпоставува дека тие го сокриле или пак го расклопиле на делови. Кимовите потоа пешки се ратиле назад.
Миличев бил свесен за казнивто дело кое го направиле, па на своите соучесници им забранил да зборуваат за она што се случило и им дал визит карти од адвокати во случај да ги исконтактира полицијата.
По таа вечер тој слободно се движел низ Белград, па дури во тој период бил застанат од полицијата на рутинска контрола, но бидејќи тогаш не бил осомничен полицијата го пуштила.
Во меѓувреме со оглед на тоа што ниту возачот а ниту возилото со кое е извршено убиството не биле пронајдени во наредните неколку денови, таткото на настраданоро момче, Бојан Јовановиќ симболично протестирал на Бранков мост со слика од неговиот син, барајќи да се најде извршителот на убисвото.
Миличев на 10 август со лет за Истамбул во 12:25 ја напуштил Србија и зел авионска карта за во еден правец. До аеродромот го одвезол негвиот брат.
Еден краток период во Турција му се губи секаков траг, а на потерницата која ја распиша Интерпол тој е заведен и под името Марко Маринковиќ бидејќи имал два пасоши.
Од Турција Миличев заминува за Хонг Конг каде слетува на 13 август, а на 15 август веќе бил во централна Кина.
На Миличев во Кина му истекла визата за престој и бил уапсен по потерницата која ја распишала Србија.
Следниот чекор е покренување на постапка за екстрадиција и се очекува во следните неколку дена или најмногу неколку недели да биде предаден на српските власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа