Меѓународниот аеродром во Луганск е разурнат
Аеродромот во Луганск е разурнат, јавија денеска украинските и руските електронски медиуми, повикувајќи се на луганските власти.
Вршителот на должност началник на регионалната администрација Ирина Веригина изјави дека не постои можност за слетување на авиони, бидејќи пистата е уништена.
Претставиникот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (СНБО) Андреј Лисенко соопшти дека украинските војници добиле наредба и се повлекле од селото Георгијевка и од аеродромот во Луганск.
Според украинските медиуми се повлекле околу 300 украински војници, а во петчасовните борби загинале повеќе од 20, а повредени се 40 војници.
Локалните власти во Луганск соопштија дека ситуацијата во градот и денеска е тензична, дека се пука и оти и понатаму нема електрична енергија и вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа