Крадци им ја украле пепелта од починатото дете мислејќи дека е накит

Брачен пар на кој му се скршило срцето откако нивниот син го загубил животот, преживеал уште еден удар откако крадци провалиле во нивниот дом и им ја украле урната со пепелта од нивното дете.

Од куќата на парот од северот на Лондон, била украдена мала бела кутија во која ја чувале пепелта од својот син, Оливер Рајан.

Детективката која го истражува случајот вели дека парот е дополнително скршен поради кражбата, бидејќи сега до себе не може да ја има ни пепелта која е единственото нешто што останало од нивното дете. Полицијата претпоставува дека крадците барале накит, па помислиле дека има токму накит во кутијата.

01.09.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа