До 40% пониска цена на струјата и ефтина тарифа за дел од компаниите кои ќе го одберат ЕВН Снабдување на отворениот пазар

Тимови на „ЕВН Снабдување“ развија нови пакети за компаниите кои на слободниот пазар ќе ја одберат оваа копмпанија за свој снабдувач. Повеќе видови на пакети ќе им бидат понудени ка компаниите кои ќе содржат пониска цена на струјата и до 40%, а ефтина тарифа ќе им биде овозможена и на компаниите кои на регулираниот пазар немаа можност да ја користат. Дали и колкав ќе биде процентот на намалување за компаниите ќе зависи од напонското ниво на кое се наоѓаат велат од „ЕВН Снабдување“.

Либерализацијата во основа значи слободен пазар и право на избор, а изборот ќе го диктираат цената, квалитетот, стабилноста и посветеноста на снабдувачите. Промена на тарифниот модел на „ЕВН Снабдување“ му овозможува да формира пониски цени на електричната енергија за некои компании, да понуди и ефтина тарифа. Позицијата пак на лидер на слободниот пазар на електрична енергија со над 70% пазарен удел, им дава сигурност на корисниците дека  „ЕВН Снабдување“ ќе им  понуди и експертиза, знаење и искуство, како и сигурност во снабдувањето и тоа 24/7, вели менаџерот на „ЕВН Снабдување“, г-дин Нико Берберу.

 

Како и досега ЕВН продолжува да нуди сигурно и навремено снабдување за сите свои корисници. Со новите измени поврзани со процесот на либерализација и реализација на третата фаза, домаќинствата и малите компании имаат право да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар или да останат на Регулиран пазар, каде што цената и понатаму ќе ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Оваа категорија на потрошувачи ќе треба до 15 ноември годинава да се изјаснат, дали остануваат на регулиран или пак ќе се одлучат да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар. 

01.09.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега