Попоски учествува на Бледскиот стратешки форум

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре учествува на Бледскиот стратешки форум  во Блед, Словенија, политички настан кој во изминатите осум години прерасна во значаен инструмент за стратешки дијалог за прашања од значење за регионот.

Како што информира МНР, на Форумот ќе учествуваат и други министри и високи претставници од земјите во регионот и пошироко, како и од јавниот и приватниот сектор.

- Форумот, во заедничка организација на Министерството за надворешни работи на Словенија и Центарот за европска перспектива од Блед, има за цел да овозможи комуникација и размена на искуства на високо ниво со цел полесна интеграција на регионот во разни сегменти, особено економскиот, соопшти МНР.

Се очекува министерот Попоски со свое обраќање да учествува во панелот посветен на иднината на Западен Балкан - како до подобра регионална соработка. 

01.09.2014 - 14:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега