Експерти: Кој ќе му верува на Заев откако неговиот сведок обелодени дека лажел?

 

Кој може да му верува на Заев откако неговиот сведок, Газда Нини јавно пред скопскиот грашаски суд, сведочеше дека тој и неговата партија ја лежаеа јавноста за предизборни цели, прашуваат експертите кои ги контактирал порталот Курир. Според нив, фабрикуваните рпиказни наменети за предизборната кампања, не може да поминат пред судскиот систем, па оттука, доаѓа до нормален процес на прочистување на валканите политчки води.

- Политиката многу често умее да создаде мошне „загаден“ простор во кој, без тронка совест и чест, се исфрлаат разно-разни манипулации, шпекулации, се создаваат или фабрикуваат приказни наменети против угледот и честа на високи политички личности, а се со цел нивно „оцрнување“ пред очите на јавноста, намалување на нивниот политички рејтинг и желбата истите да бидат симнати од власта по секоја цена. И во Македонија постојат бројни структури кои неуморно, 24/7 работат на конструирање „случаи“ во кои централен, главен лик на напад е претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски. За среќа, овие структури, своите „случаи“ ќе треба да ги докажуваат во правниот/судскиот систем на земјата. А токму таму, денес, главниот сведок во случајот „Македонска банка“ јавно негираше пред судот каква било инволвираност, познанство или друг вид на контакт со страните во судскиот спор со што практично станува јасна правната разврска на целиов случај. За среќа, политиката, освен „тежата“ која ја создава и која најчесто знае да биде бескрупулозна и неправедна, има вистинска противтежа во системот, правото и правдата, кои служат како системски коректив и филтер за прочистување од валканите политички води, истакна професорката Татјана Каракамишева Јовановиќ во изјава за Курир.             

За да го искоментира овој случај, Ивица Боцевски потсети на неговиот став даден уште во април годинава, денот во кој, како што вели, Заев ја “лансираше“ наводната афера.

-Сето ова што се случува деновиве е еден тажен крај на една политичка кариера. Политиката не е место за кловнови и палјачовци. Не велам дека опозицијата не треба да и ги претставува на јавноста сите потенцијални грешки на власта, но ова денеска е гротескно. Паметни луѓе рекле дека историјата никогаш не се повторува освен како фарса. Па, ни „Големото уво“ на Бранко Црвенковски нема да се повтори никако поинаку освен како фарса. Сето ова што денеска е претставено отвара сериозни прашања и дилеми. Зошто СДСМ десет години прикривал информации за потенцијален криминал? Кои институции го прислушкувале шефот на опозицијата во времето на „демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права“? Како овие снимки дошле во рацете на приватни лица? Зошто ова не е претставено во 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 или 2014 година? Зошто ова не е претставено пред првиот круг на изборите? Верувам дека никој повеќе не може да им продаде мачка во вреќа на граѓаните, па ни СДСМ, напиша тогаш, а потврдува денес, Боцевски.

Целиот тим на адвокати на одбраната кои утрово во судот го бранеа Зоран Заев, останаа без аргументи. Токму нивниот клучен сведок ја зацементира манипулацијата која сами ја создадоа. Главниот сведок на СДСМ врз чија изјава се градеше случајот на најголемата опозициска партија вели дека тврдењата на Заев и СДСМ не се точни. Клучниот човек на СДСМ од наводната снимка, за која имаше сомнеж дека е монтирана од грчки служби, јавно кажа дека сите тврдења се невистинити.

01.09.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега