Распишана потерница за 34 полицајци во Турција

Во 16 градови ширум Турција денеска е спроведена рација и приведени се најмалку 20 полицајци, а распишана е потерница за 34 полицајци, обвиненети за заговор против Владата.

Тоа е четврта рација од јули годинава по обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека турската полиција прави заговор против него. Тој турската полиција ја опиша како „паралелна држава во безбедносните сили“.

Налози за апсење се издадени за најмалку 34 полицајци обвинети за низа кривични дела, вклучително и прислушување на највисоки владини претставници и обид за соборување на Владата.

Апсењата уследија само еден ден откако Ердоган положи заклетва и ја замени премиерската со претседателската функција.

01.09.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега