Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска Банка - Не го познавам Груевски

Српскиот бизнисмен, Јовцица Стефановиќ Нини, им ја упропасти предизборната забава на социјалдемократите. Наводната афера во која тие со аудио снимка го обвинуваа Груевски дека преку посредници договарал продажба на акции од Македонска банка во кеш, денеска и официјално пропадна во вода. Српскиот бизнисмен, денеска се појави во скпоскиот граѓански суд, каде сведочеше во случајот кој Груевски го покрена против Заев за клевета. Нини, дојде во судот како предлог сведок на адвокатите на Заев, но пред самото судење, тие се покајаа што го повикале, па се обидоа да го спречат неговото судење. Сепак, на барање на тужителот, Нини застана пред Судот. Тој уште еднаш потврди дека СДСМ не ја зборувале вистината.

„Не ги знам ни Груевски, ни Заев. Никогаш не сум зборувал со Груевски за продажбата на банката, а акциите ги купив на берза. Никогаш лично не сум ги запознал Груевски ни Заев. Сум слушнал за нив. Акциите се купени од „Јака Радовиш“ на берза, а јас само го потпишав решението за купување акции од „Македонска банка“, кои ги купивме преку брокерска куќа. Никој до тогаш не знаеше дека ние ги купуваме акциите. Откако ги купивме, ги префрливме парите на брокерска куќа, која потоа им ги исплатила на сите што продаваа акции од „Македонска банка“. И тогаш и сега, не ги знам кои сè продаваа акции преку берзата - рече Нини и нагласи никогаш немал интерес да понуди некому поткуп за купопродажбата на „Македонска банка“, ниту такво нешто се случило, а за случајот поради кој е повикан на суд, првпат слушнал кога ја добил судската покана, пренесува Плусинфо.

Премиерот Груевски го тужи Заев за клевета и од него побарува оштета од 500.000 евра.

01.09.2014 - 11:42
Фото: 
Плусинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега