Македонците си се по сексот!
Просечната должина на пенисот на Македонците изнесува 13,98 cm. е истакнато во едно неодамнешно истражвање за големина на машкиот полов орган. Ваквата бројка преттавува помала во однос на европскиот просек кој изнесува 15,4cm.
Ерекцијата во просек трае 20 до 50 минути, а освен тоа, се проценува дека повеќе од 5.000 мажи ширум светот имаат полов орган поголем од 30 сантиметри во ерекција.
Сепак Македонците ја отфрлаат ваквата статистика велејќи дека бројките не значат ништо, и истите се поучени од народната„ има лага, поголема лага и статистика“, можеби и не е за верување. Иако и оваа „цифра“ не е лоша.
КРВТА НИ ВРИЕ ПОРАДИ ЈУЖЊАЧКА КРВ!
Македонскиот народ важи за нација која го сака сексот, барем според мислењето на експертите. Тие сметаат дека нашиот „јужњачки“ дух не прави да го сакаме ова задоволство. И нема ништо лошо во тоа.
Сексот доста често ни е традиционален, а нијансите варираат во зависност од која етничка заедница доаѓаме, од информираноста, културата и од сексуалната определба.
Исто така се менува и улогата на жената во сексот, па така се според последните истражувања покажуваат дека улогите и инцијативноста во сексот се менуваат и жената сè повеќе сексуално се ослободува.
Експериментирањето и отвореното дебатирање за сексот и за сексуалноста сè уште ни се туѓа работа, а типовите секс коишто ги практикуваме зависат од културата, етникумот, сексуалната определба или од возраста.
„Нема еден вид на секс, зависи од културата, етникумот и возраста. Употребата на сексуални помагала, експериментирањето и отвореното дебатирање за сексот и сексуалноста сè уште е табу, што создава многу заблуди, па затоа ни е потребна поголема едукација“, вели сексологот д-р Павле Павлов, кој на оваа тема работи 23 години, а последниве неколку години имал над 7.000 пациенти, кој освен што смета дека сме мераклии за секс, сме и пољубоморни и опсесивни, зашто сакаме да ги поседуваме партнерите.
СЕКСИ ИГРАЧКИ ДЕЛ ОД СЕКСУАЛНИОТ ЖИВОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ
Македонците сакаат да се информираат за она што се нуди во секс-индустријата. Па таквите вести поврзани со сексуалните играчки или збогатување на сексуалниот живот, се најчитани и предизвикуваат најголемо внимание.
Секси играчки најлесно се купуваат кога има повод. Тогаш постои најголема отвореност за позитивна реакција од тој подарок, бидејќи се доживува како изненадување. Во последните години многу се променети односот, културата, размислувањата на луѓето кон својата интима. Поради пребрзото темпо на живеење, притискањето на проблемите, не можеме да очекуваме дека интимата со партнерот ќе блеска во најдобра светлина. Секси играчки не се употребуваат затоа што нешто ни недостасува, туку за да не ни недостасува.
Според истражувањата, но и она што се бара во секси шоповите, македонските мажи се стремат да имаат поголема димензија на половиот орган и да бидат подобри љубовници, односно на долги патеки. Во тој контекст, секси индустријата излегува во пресрет со два производа, едниот е веб-пумпа, а другиот е „дилеј“ спреј. Жените, пак, во поново време покажуваат повисока сексуална култура во однос на употребата на лубриканти или гелови, посебно кога станува збор за жени во позрели години.
Според мислењата на сексолозите, оправданоста на употребата на секси играчките е во збогатување на интимата. Доколку изостанува меѓу двајцата партнери, излез се бара надвор од врската, односно освежување со трето лице. Бегањето од заедничката интима поради икс причини придонесува за затајување на сексуалниот живот меѓу партнерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа