САД демантираат дека амбасадата во Триполи ја зазеле исламисти
Американските власти ги демантираа информациите дека исламистички борци го зазеле комплексот на американската Амбасада во Либија.
Според информациите, објавени од повеќе медиуми, Амбасадата, чиј персонал бил евакуиран кон крајот на јули, пред околу една недела бил нападнат од членови на исламистичката милиција „Либиска зора“, кои ја имаат контролата врз комплексот.
На сајтот Јутјуб е објавен видеозапис, на кој се гледаат вооружени лица на територијата на американската дипломатска мисија во Триполи.
Според амбасадорот на САД во Либија, Дебора Џоунс снимката на Јутјуб го прикажува станбениот објект на дипломатското претставништво.
Таа додаде дека комплексот на Амбасада е обезбедуван и не бил ограбен.
Џоунс, која сега се наоѓа на Малта, ова го објави преку Твитер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа