Три кинески брода забележани кај спорните острови Сенкаку

 

Три бродови на крајбрежната стража на Кина навлегле во зона, која Јапонија ја смета за дел од своите територијални води, во близина на групата спорни острови во Источнокинеското Море. 

Кинеските бродови се приближиле до островите Сенкаку, изјавија претставници на јапонската крајбрежна стража. 

Претензии кон тие острови има и Кина, каде тие се познати како Дијаоу, како и Тајван. 

Инцидентот се случува непосредно пред посетата на Токио денеска на индискиот премиер Нарендра Моди, кој со јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе разговара за можностите за развој на билатералната соработка во областите на економијата, одбраната и енергетиката.

01.09.2014 - 10:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега