Џоан Риверс во тешка здравствена состојба

 

Легендарната комичарка Џоан Риверс е во тешка здравствена сосотојба и се наоѓа на апарати за дишење во болница во Њујорк.

Таа по операцијата на грлото престана да дише и затоа е доведена во индуцирана кома, а не се знае каков ќе биде исходот за 81-годишната Колинс.

Нејзиното семејство во следните денови ќе мора да донесе тешка одлука дали ќе ја задржи на апаратите или ќе ја исклучи.

-Семејството негува надеж  дека Џоан ќе се избори за сопствениот живот и можеби самата ќе почне да дише доколку ја исклучат од апаратот, наведува извор за „ТМЗ“.

01.09.2014 - 09:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега