Шестмина загинати при уривањето на зграда во Париз

 

Најмалку шест лица загинаа, од кои две под 18 години, во вчерашната експлозија што предизвика уривање на четирикатна зграда во предградие на Париз.

Меѓу урнатините прво се пронајдени телата на две жени, на едно 10-годиншно дете, како и на дете на возраст од 14 до 18 години. Подоцна пожарникарите пронашле уште две тела, додека две лица се водат за исчезнати.

Во несреќата повредени се 11 луѓе.

Се претпоставува дека експлозијата се случила поради течење на плин.

01.09.2014 - 09:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега