Чамец со 100 имигранти се преврте крај брегот на Либија
Чамец со над 100 илегални мигранти се преврте крај брегот на либиската престолнина Триполи, пренесоа американските медиуми.
Трагедијата се случила на околу 50 километри источно од Триполи.
Либиските власти засега не соопштуваат колку луѓе се удавиле и дали има спасени.
Минатата недела најмалку 100 африкански мигранти, а меѓу нив и пет деца, се удавија во истиот регион.
31.08.2014 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа