Воени заробеници разменети помеѓу Русија и Украина

 

Украина и предаде на Русија група заробени руски падобранци, а Русија на Украина и врати група од 63 украински војници, кои минатата недела навлегоа на руска територија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на руски медиуми.

Командантот на руските падобранци, генерал-мајорот Алексеј Рагозин, изјави дека Киев и ги предал на Москва заробените војници по многу тешки преговори.

Украина минатата недела соопшти дека заробила 10 руски падобранци и на медиумите им ги претстави како доказ дека руски војници се борат на страната на проруските сепаратисти во источна Украина.

Русија соопшти дека падобранците по грешка навлегле на територијата на Украина.

Истовремено, украинските војници, кои денеска му беа вратени на официјален Киев, на 27 август ја минаа украинско-руската граница. Тие биле сместени во привремен камп на територијата на руската Ростовска област, каде им била укажана неопходната помош, посочува ИТАР-ТАСС.

31.08.2014 - 11:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега