Кога Столе Стоилов ќе нарача од Мекдоналдс
Кружниот напаѓач на Вардар и на македонската репрезентација, Столе Стоилов, заедно со својот тиме во Нови сад каде утре го игра првиот меч од СЕХА лигата против Војводина. Столе, кој инаку е познат како еден од физички најсилните ракометари во Европа очигледно не штеди кога станува збор за храна. На facebook тој објави фотографија од својата нарача во Мекдоналс. Ако успееш ова да го изеде сам, Србите утре имаат уште една причина повеќе добро да размислат кога ќе му се доближат на линијата од шест метри, иако уште однапред им е јасно дека штом Столе добие таму топка, или ќе биде гол, или судијата ќе досуди пенал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа