Живи луѓе, свиткана кичма, аболиција - политчкиот багаж на Зоран Заев

Зоран Заев , новиот претстедател на СДСМ е веќе подолг период во високата политика на СДСМ, како пратеник 2003-2005 година ,  како вд претстедател во периодот 2008- 2009, и доскорешен потрпретседател на СДСМ од 2009година па се до последниот конгрес.

Во последните 6 години тој директно беше вклучен во креирањето на политиките на СДСМ и важаше за верен соработник на Бранко Црвенковски.

Зоран Заев се товареше за злоупотреба на службената должност како градоначалник на Струмица и направен криминал во висина од околу 8 милиони евра. Фирмата која го градеше Глобал е во сопственост на лицата Бранко Стамболиски и Горан Крстев, кои пак се косопственици и во фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик со нив е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев

Притворот и целата постапка, ја прекина одлуката на тогашниот  Претседател Бранко Црвенковски за аболиција на осомничените, со што се спречи да се дознае вистината за вмешаноста на Зоран Заев во оваа афера. Според многумина со тој потег Црвенковсаки успеа Зоран Заев да го направи вечен должник и да управува со неговата политичка кариера. Зоран заев многу тешко ќе може во ваква ситуација да избега од сенката на Црвенковски и дамката која ја остави неговата аболиција.

Околу Зоран Заев исто така се врзуваа и голем број афери и матни зделки поврзани со неговата позиција градоначалник на општина Струмица. Во струмица тендери во неколку наврати добиваа фирми од кланот Заеви. Овие фирми се водени од негови блиски роднини, партиски и бизнис пријатели.  Само во еден од случаите на сомнителни зделки  за работи во Струмица на фирмата Еленица  на фирмата на неговиот прв братучед Трајче Заев  биле исплатени приближно 1,9 милиони денари од парите на граѓаните на Струмица.

Ист е случајот со тендерите кои ги добива фирмата на сопругот на пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова. Преку раситнување на набавките на суми, помали од 5 илјади евра, за да не мора да се распишува тендер, за 3 години, на фирмата Дикор, сопственост на сопругот на Цветанка Ивановска, општината исплатила над 18 милиони денари.

Зоран Заев во  2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ  даде изјава дека Македонија мора да направи отстапки во спорот за името и како што рече да ја свитка кичмата, што несомнено предизвика рушење на позициите на македонија во преговорите, бидејќи дојдоа од тогашниот формален лидер на најголемата опозициска партија.

Втор пат, Зоран заев даде скандалозна изјава на партиски собир во Валандово кога пред  своите сопартијци порача дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт. На истиот собир призна дека партиски вработува во општина Струмица и дека тоа како модел ќе го преслика и кога ќе дојдат на власт.
“Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе... ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди“- рече Заев

Истиот принцип на партизација на администрација го најави и на централно ниво.

“Ако почитувани социјалдемократи пред сé ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и дека рече ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат... свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија“ - вели Заев.

Последната скандалозна изјава ја даде непосредно пред локалните избори кога во телефонски разговор порача дека СДСМ нема да оди на избори туку дека ќе се пука во Македонија, доколку локалните избори се одржат во закажаниот период.

Зоран Заев беше во првиот ред на протестите на 24 декември пред Собраниетоп на РМ, кога заедно со Бранко Црвенковски се обидоа да се судрат со полицијата и граѓаните, рушејќи ги бариерите и директно судирајќи и газејќи ги полицајците кои го чуваа редот пред Собранието

Од друга страна, Заев е одличен организатор. Секој кој бил во Струмица не може а да не забележи дека неговата општина има целосно нов лик. И покрај големиот број политчки гафови, Заев, сепак е единствениот кој реално има шанси, да ги загрози позициите на Црвенковски. 

најчитано сега