Зоран Јовановски си заминува од СДСМ: Партијата одбра да тера по старо

 
Зоран Јовановски заминува од СДСМ. Откако загуби на Конгресот на СДСМ, до вчерашниот потпретседател и кандидат за наследник на Црвенковски, најави дека си заминува од СДСМ и дека, како што рече, битката за социјал-демократските вредности отсега ќе ја продолжи индивидуално.
 
„Делегатите на вчерашниот Конгрес имаа можност да изберат помеѓу комплетно нов и поинаков концепт и програма која што го продолжува континуитетот на дејствувањето. Тие го избраа второто, а бидејќи јас верувам дека единството се гради околу концепт, отсега индивидуално ќе дејствувам“, рече Јовановски.
 
Тој им се заблагодари за поддршката на делегатите, но и на Црвенковски за шансата 4 години да биде во највисокото партиско тело на СДСМ.
 
 

најчитано сега