Кобен одмор за 17 годишно момче: Се качил на кран и паднал

 

17 годишен матурант од хрватското место Делница во петокот загинал во шпанското излетничко место, Лотрет де Мар. Момчето кое било на матурско патување, како што пренесуваат хрватските медиуми излегло од хотелот само за да се прошета. Од се уште непознати причини, момчето се качило на кран во едно блиско градилиште и паднало од висина од 17 метри.
Семејството и пријателите се во шок. Иако истрагата се уште е во тек, претпоставките се дека момчето се лизнало и паднало, со што се исклучува самоубиство.
Оние кои го познавале велат дека станувало збор за одличен ученик и спортист.

 

30.08.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега