Во самоубиствен напад загинаа 6 лица, а десетици се повредени
Најмалку шест лица загинаа, а десетици се повредени во денешниот напад на бомбаш-самоубиец и вооружени талибанци на канцеларијата на авганистанската разузнавачка агенција во Џалалабад, во источен Авганистан.
- Жестоките судири меѓу талибанците и авганистанските безбедносни сили траеа неколку часа после нападот врз седиштето на Националниот безбедносен директорат, изјави Ахмед Зеја Абдулзаи, портпарол на гувернерот на источната провинција Нангахар, која се наоѓа близу пакистанската граница.
- Досега во болница се префрлени шест тела и 45 ранети. Повеќето жртви се цивили, истакна директорот на провинцијата Нангахар за јавно здравје Наџиб Камавал.
Талибанците ја презедоа одговорноста за овој напад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа