Браво: Полицаец му дал 400 денари на камионџија за да се најаде

 

Добриот полицаец кој нахранил возач во Карлобаг, Хрватска стана омилен лик во хрватската јавност. Полицаецот Никола Мориќ на 13 август на едно одморалиште за камиони го забележал возачот Рино Жграблиќ. Тој му се пожалил дека камионот му останал во дефект и дека за негова поправка ги потошил сите пари кои ги имал со себе и дека сега е гладен и жеден, а не може да продолжи да вози, бидејќи веќе му поминало врмето од 8 час кое му е дозволено за возење согласно законот, па така, дека е „осуден“ цели 12 часа да остане на одморалиштето и да ја чека новата смена.
Полицаецот не се двоумел. Веднаш извадил 50 куни (околу 400 денари) од својот паричник и му ги дал на возачот за да си купи јадење.
Благодарниот возач, една недела подоцна до хрватското министерство за внатрешни работи испратил благодарница до хуманиот полицаец и во неа ги ставил оние 50 куни, со коиго вратил заемот.

29.08.2014 - 22:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега