Нови меѓуетнички тензии: Убиен 19 годишен Албанец, две деца се борат за живот

 
При престрелка во Јужна Митровица, во селото Коловрт, помеѓу Жупча и Кошутова, убиено е едно лице, а двајца се тешко повредени.

 

Како што пренел портпаролот на косовската полиција, сите тројца биле Албанци на кои со огнено оружје било пукано од непознат правец додека сечеле дрва.

Косовските медиум пренесуваат дека станува збор за Ардиан Ибрахими (19) и браќата Албион Брахими (16) и Алберт Брахими (15).

За сега се непознати сторителите на овој напад, но косовски „Индеконлајн“ пишува дека жртвите биле нападнати од униформирани Срби.

Претходно, во Косово беше убиен еден припадник на српската Жандармерија, што повторно ги разгорува меѓуетничките тензии во регионот.

29.08.2014 - 21:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега