Меркел ги налути Грците: Спорот за името не е билатерален
Спорот со името не е билатерален, туку е прашање на почитување на меѓународното право. Официјална Атина преку портапролот на Грчкото МНР експресно се огради од вчерашниот повик на германската канцеларка Ангела Меркел, која апелираше на брзо решавање на билатералните спорови на Блаканот, вклучувајќи го и оној кој Грција го има со Македонија.
„Грчката позиција е претставена пред целата јавност и е одговорно поставена, согласно не само со навционалната чувствителност, туку и со европските перцепции и меѓународното право. Според тоа, клучот за суштински напредок во преговорите не се наоѓа кај Атина. Како што неколкупати е потенцирано од грчка страна, спорот со името не е билатерален туку е прашање на меѓународното право, кое бара добрососедски односи и стабилност“ - стои во писмената изјава на портаролот на грчката дипломатија, Константинос Кутрас.
Грчкото МНР се уште молчи по протестната нота упатена од македонската дипломатија за навредливото скандирање на грчките и кипарските војници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа