Три експлозии во Атина - една жена повредена

 Три бомби се активирани денеска на различни локации во центарот на Атина, а во една од експлозиите е поврдена една жена, соопшти денеска грчката полиција. 

Експлозијата во која е поврдена жената се случила изутринава на скалите во станбена зграда во која е сместена канцеларијата на генералниот секретар на организацијата „Транспарентност“. 

Другите две експлозии одекнале пред Фондацијата за економски и стопански истражувања, односно Министерството за животна средина, енергетика и климатски промени. 

најчитано сега