Конференцијата во Берлин ги исполни очекувањата

 

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ предложи во Берлин дека Европската комисија треба да креира поширок инвестициски пакет за земјите од Западен Балкан, кој ќе помогне за подобро инфраструктурно поврзување внатре во регионот. 

Ѓукановиќ истакна дека вчерашната Конференција за Западен Балкан ги исполнила неговите очекувања, а на неа било разговарано за пакет политичко-безбедносни прашања, како и за развој на регионот.

- Во рамки на политичко-безбедносните области беа третирани отворените проблеми кои ги пренесовме во новиот милениум од последните децении на минатиот век, од времето на кризата на територијата на поранешна Југославија, нагласи црногорскиот премиер.

Според него, многу е важно и што на оваа конференција е покажана нова иницијатива на Германија и ЕК во однос на земјите од Западен Балкан, „што придонесува за побрза и поквалитетна интеграција на сите овие држави“.

29.08.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега