Прифатен составот на новата турска влада

 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го прифати денеска составот на новата влада, кој претходно му беше предложен од лидерот на владејачката Партија на правдата и развојот и мандатар Ахмет Давутоглу.

По одобрувањето на предлогот на Давутоглу, тој официјално ќе ја преземе премиерската функција, но владата нема да може веднаш да започне со работа.

Согласно Уставот на Турција, во рок од пет работни денови премиерот треба да и ја претстави на Парламентот владината програма, а на 6 септември законадавниот дом треба да му изгласа доверба на новиот кабинет.

На местото на Давутоглу, како нов шеф на турската дипломатија е назначен досегашниот министер за ЕУ, Мевљут Чавушоглу.

29.08.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега