Најмалку 11 жртви во гранатирањето на Доњецк

 

Најмалку 11 лица го загубија животот  во гранатирањето на Доњецк, соопшти денеска локалното население.

Украинската војска со гранатирање и нанела голема штета на градската болница во средата навечер, пренесува ИТАР - ТАСС.

Украински воен авион го надлетува Доњецк од рано утро, а очевидците тврдат дека им доставил некаков товар на украинските сили за безбедност, кои се блокирани на подрачјето на аеродромот.

Во текот на ноќта, украинската војска гранатирала станбени згради во две градски населби, а една граната погодила училиште.

Во Доњецк е отежнато функционирањето на комуникациската мрежа како и водоснабдувањето во некои населби.

Населението очекува нови воздушни напади во текот на денот, бидејќи украинската војска изведува жестоки напади за време на православните празници, а денеска е Успение на Пресвета Богородица, наведе руската агенција.

28.08.2014 - 15:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега