Адеми се сретна со полскиот амбасадор Мултановски
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми остварил средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски, на која ја нагласиле важноста на Спогодбата за соработка во областа на науката и високото образование, која во септември минатата година ја потпишаа двете ресорни министерства, соопшти Министерството.
- Спогодбата предвидува интензивна соработка помеѓу високообразовните и научните установи во двете земји преку размена на студенти, докторанти, научни работници и академски наставници, а значајна придобивка е и продолжувањето и интензивирањето на активностите за популаризација на изучувањето јазици, како и поддршката на истражувањата за историјата, јазикот, културата и уметноста на двете држави, информира МОН.
Адеми и Мултановски изразиле подготвеност за иницирање нови билатерални проекти и активности во образованието и науката, со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји која, како што наведува МОН, во духот на традиционалните пријателски односи се реализира повеќе децении.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа