Контингентот на НАТО во Косово нема да се намалува
И покрај сериозните предизвици на Блискиот Исток и украинската криза, НАТО не планира да го намали својот контингент на Косово, изјави денеска за Танјуг висок дипломат од Алијансата, кој побарал анонимност.
- Воените сили на НАТО на Косово имаат јасен мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации, а Албанците и Србите сакаат тие да останат, рече дипломатот.
Тој оцени дека мисијата на КФОР е успешна и додаде дека не очекува на престојниот самит на НАТО во Велс да биде иницирано нејзино преразгледување.
28.08.2014 - 13:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа